МИЈАТА СНИМИ ИНСПИРАТИВНА ПЕСНА - „ДОМАЌИНСКА“: Диплиме алишта само на празници
Старите и нови домаќинки и беа инспирација на кантавторката Мијата да ја напише песната „Домаќинска“. За оваа песна, таа сними и интересен спот, кој е инспиративна, женска приказна.
„Песната ја пишував уште од зимата. Ме инспирираа сите наши мајки, тетки и стрини кои постојано ни зборуваат што се тие направиле кога биле на наша возраст, а ние тоа не можеме да го постигнеме. Во текстот на песната зборувам за нас, модерните домаќинки и за сето она што ние го правиме и не го правиме“, ни изјави Наташа Мијата Крстевска-Мијата, која автор на музиката и на текстот. За песната, која таа ја опишува како ретро-кабаре, аранжманот го изработи Петар Димитровски од Битола, познат по прекарот Mark Purpose, поранешен член на групата „Фолтин“.
