Економија, финансии, бизнис

Контакт

Microsoft: Во текот на следните 2-3 години „Windows 10“ ќе е во 1 милијарда уреди

Microsoft: Во текот на следните 2-3 години „Windows 10“ ќе е во 1 милијарда уреди

На конференцијата Build, која продолжува и денес, oд Microsoft изјавија дека се надеваат дека во наредните 2-3 години Windows 10 ќе најде место во 1 милијарди уреди.

Ова не е невозможна за постигнување амбиција, бидејќи како што објавија од компанијата дека во првата година од понудата на новата платформа корисниците на Windows 7, 8 и 8.1 ќе можат да преминат кон новата верзија целосно бесплатно.

Додавајќи ја продажбата на нов хардвер, обновувањето на Windows Phone 8 до Windows 10 за телефони и конзоли Xbox, која исто така ќе добие Windows 10, Microsoft може да ги исполни планови.

Општо земено компанијата прави сериозен предлог и кон програмерите кои благодарение на моделот за стоковни апликации може со минимален напор да стигнат до многу повеќе потенцијални корисници.

Слично

Поврзани вести