Економија, финансии, бизнис

Контакт

Microsoft го тужи Samsung

Microsoft го тужи Samsung

Иако се долгогодишни партнери, Microsoft ја тужи компанијата Samsung.

Предмет на спорот е непочитување на договорот за плаќања на надокнада, која Samsung, како произведувач на Android уреди, ја плаќа на Microsoft, а врз основа на одредени патенти кои се во сопственост на Microsoft.

Samsung не ја платил договорената сума, која не е позната, минатата есен, откако Microsoft објавил дека ја купува финската компанија Нокиа.

Од Microsoft велат дека го почитуваат партнерството кое го имаат со Samsung, но и тоа дека понекогаш и партнерите не се согласуваат.

Инаку, договорот за лиценцирање е постигнат во 2011, а дали било основа за престанување на плаќањето ќе одлучи судот.

Слично

Поврзани вести