Економија, финансии, бизнис

Контакт

Microsoft го подготвува најголемото отпуштање на работници во својата историја

Microsoft го подготвува најголемото отпуштање на работници во својата историја

Се очекува компанијата Microsoft оваа недела да ја објави веста за бројно најголемото отпуштање во историјата на оваа компанија. Како што известува Ројтерс, Microsoft-овиот директор Сатја Надела ќе објави соопштение за предложено отпуштање веќе до крајот на работната недела, а најголем број работници ќе бидат отпуштени во рамки на оделението на Нокиа кое неодамна е купено.

Новото отпуштање на работници ќе биде поголемо од она кое  Stiv Balmer го направи во 2009 година кога се отпуштени 6 посто вкупна работна сила, односно 5800 работници. Во овој момент, Microsoft има 127.000 работници, а близу 25.000 од нив дојдоа од Нокиа после аквизицијата на оваа компанија.

Слично

Поврзани вести