Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Земјоделците се приоритет на Владата, колку повеќе произведуваме, помалку ќе увезуваме

Мицкоски: Земјоделците се приоритет на Владата, колку повеќе произведуваме, помалку ќе увезуваме

„Колку повеќе произведуваме, толку помалку увезуваме. Македонија во минатото беше позната како земја производител и извозник на храна, посебно на земјоделски производи“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека согласно Државниот завод за статистика во вториот квартал има околу 60 милиони евра повеќе споредено со она што беше во минатото.

„Во вториот квартал имаме околу 60 милиони евра повеќе споредено со она што беше во минатото. Имаме над 26-27% повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период минатата година коишто како количина се за 7% повеќе споредено со истиот период лани. Земјоделците се еден од приоритетите на оваа Влада, тоа го покажавме изминативе 14 месеци. И очекувам во таа насока да продолжиме и во иднина затоа што производството на храна ни е исклучително важно“, посочи Мицкоски.

Слично

Поврзани вести