Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ми Да Моторс го претстави најновиот модел VolvoS90

Ми Да Моторс го претстави најновиот модел VolvoS90

Најновиот седан VolvoS90, со својата елеганција и префинет изглед, денеска, беше промовиран во салонот на Ми-Да Моторс во Скопје. Природата, светлината, љубовта и пријателството, кои се стандарди одлики на брендот Volvo, се дефинирани и во најновото S90.

Како и неговите „браќа“ - XC90 иV90, новата S90-ка, гордо, го носи самоувереното лице на новата Volvo дизајнерска линија, заедно сокласичните стилски знаци на брендот. Клучните елементи го вклучуваат дизајнот на фаровите во форма на легендарниот „чекан на Тор“, новата предна решетка, Volvo железниот симбол, како и изразената употреба на симболот Volvo на задната страна. 


Моделот S90 на Volvo е новиот премиум предводник со 4 врати и 5 седишта. Изграден е на новата  напредната модуларна производна платформа на Volvo, Scalable Product Architecture (SPA), која ги поткрепува сите нови Volvo автомобили од 60 и 90 сериите.

Овој автомобил ќе го возат личности кои имаат контрола врз својот живот, ја отсликува нивната професионална и лична состојба и овозможува безбедно возење со паметната технологија. Од Ми-Да Моторс велат дека „ова возило е насочено кон индивидуалци кои не се задоволуваат со „океј“, односно повеќе се мотивираат со потрагата отколку со наградата“.


Благодарение на новата технологија „Volvo’sconnectivity“сите нови возила веќе се поврзани.Таа вклучува интуитивен екран чувствителен на допир кој ги комбинира функциите на автомобилот, навигацијата, врзаните услуги и апликациите за забава во самата кола, како што се програмите за слушање музика„Spotify“, „Pandora“, „Baidu“или„TuneIn“. Вертикалниот екран чувствителен на допир овозможува брз и лесен пристап до плеада функции и карактеристики.

Новото S90 е придвужувано од новите Drive-Eмотори кои се состојат од бензинска, дизел и плаг-ин хибридна верзија. Преносот кај нив е преку 8-степен автоматски менувач.Електричните мотори овозможуваат автономија до 45км на електричен режим, додека комбинираната сила заедно со бензинскиот мотор изнесува 407 кс.


Водството на Volvo на полето на автономни возила уште повеќе е потврдено со S90. Додадена е и функционалност за автоматско управување наречена „Run Off Road Mitigation“, која помага возилото да остане на патот во случај возачот да изгуби контрола.„CitySafety“ технологијата на Volvo, стандардна во сите модели, ги комбинира функционалноста на автоматските сопирачки и системот за избегнување судaр за да покрие широк спектар потенцијални сценарија за несреќи и помага патниците да се чувствуваат безбедно.

Комплетниот систем за безбедност на Volvo, наречен„IntelliSafe“, опфаќа пасивни и активни безбедносни системи и ја формира основата за лидерство наVolvoна полето за автономно возење. S90-ката нуди полу-автономно возење со „Pilot Assist“, кој функционира на јасно обележани патишта и до брзина од 130 километри на час и претставува уште еден чекор кон визијата на Volvo, според која никој не треба да загине или сериозно да биде повреден во ново Volvoдо 2020 година.


Слично

Поврзани вести