Економија, финансии, бизнис

Контакт

Метеорологот Попоски направи анализа за климата за јули

Метеорологот Попоски направи анализа за климата за јули

Метеорологот Славчо Попоски направи анализи на времето за месец јулии истите укажуваат на следново:

„Топлотни бранови (повремено и изразени) може да се очекува, кој би донеле температури дури до околу па и над 40 степени, во ваква ситуација секако може да се очекува повремено мачно и спарно време кое многу лошо ќе влијае врз поголемиот дел од граѓаните.

Што се однесува до врнежите може да очекуваме повремено и нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер како и локално невреме проследено со град, силни електрични празнења и силен ветер.

Доколку секако се се случи атмосферата многу да се дестабилизира, да се загрее и да се исполни со голема енергија можно е да дојде и до поголеми невремиња на пример како овие невремеиња што ги имаме деновиве (локални поплави, и други штети)“, се вели во анализата на Попоски.


Слично

Поврзани вести