Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мет Дејмон открива: Ова е најдобриот совет што го добив за да стигнам до врвна кариера

Мет Дејмон открива: Ова е најдобриот совет што го добив за да стигнам до врвна кариера

Мет Дејмон (Matt Damon) е одличен актер, а како дошол до сјајна кариера сподели во видеото кое го објави „NLP Institut“. Изгледа дека во тоа му помогнале советите кои ги добил кога бил млад.

„Најдобриот совет кој го добив е ... па, ќе ви кажам две работи.

Кога бев млад, сите ми говореа да не бидам актер. До денешен ден тоа е токму она што јас им го кажувам на луѓето кои дојдат кај мене и ми кажат: „Размислувам да се занимавам со актерство. Што мислите вие?

Им кажувам: „Апсолутно не! Тоа е ужасна идеја, немојте тоа да го правите!. Бидејќи тоа е се што другите мене ми говореа.

Мислам дека ако сакате да успеете во овој бизнис, кој е полн со одбивања и тешкотии, мора да верувате во себе, и покрај тоа што ви говорат оние кои ги сакате и оние во кои верувате. Тоа е многу лично патување.

Значи, тоа навистина помогнало. Советот да се држам што подалеку од оваа кариера беше навистина од помош. По мое разбирање, тоа ми беше толку важно што одев по него.

Друг совет кој би го споделил е...

Мојот учител по глума од средното школо Џери Спик, кој имаше огромно влијание на мене ми кажа само пет зборови:

„Направи ја својата работа, момче“.

И ми го повторуваше толку пати, повторно и повторно-„Направи ја својата работа, момче“.

Тоа е она на што секогаш можам да се вратам . Тоа е мојата појдовна точка.

Кога имам сомнение само се фокусирам на својата работа. Ако се на филмот тргне погрешно ќе се погрижам мојата работа да биде подоверлива и потоа одам понатаму. Тоа е сјајно место за почеток. Тоа е добра основа.

Слично

Поврзани вести