Економија, финансии, бизнис

Контакт

Местото каде во сообраќајка ја изгубил ногата му донесе 140.000 евра

Местото каде во сообраќајка ја изгубил ногата му донесе 140.000 евра

Една од емисиите на британскиот квиз „Милионер“ ќе се памети по натпреварувачот Герет Кендал.

Се работи за натпреварувач кој во сообраќајна несреќа пред неколку години останал без едната нога.

Кога Герет стигна до прашањето кое му носеше 125.000 фунти (околу 140.000 евра), остана запрепастен од прашањето и понудените одговори.

„Покрај кое езеро се наоѓа рушевината Уркухант?“, е прашањето кое му го поставил водителот.

„Го знам одговорот. Таму ја изгубив ногата“, рекол Герет, а публиката во студиото бурно реагирала.

 „Да, несреќата се случи во близина на рушевината од тој дворец, покрај езерото Лох Нес“ – одговорил натпреварувачот. 

Со ова тој  освоил 125.000 фунти. 

Слично

Поврзани вести