Економија, финансии, бизнис

Контакт

Месец посветен на потрошувачите

Месец посветен на потрошувачите

Семејно оријентиран и уникатен во пристапот, Капитол Мол одлучи пријатно да ги изненади своите потрошувачи. За таа цел креираше сет на активности, игри, подароци, попусти и многу забава секој викенд до 14 јуни од 12 до 15 часот. Децата ќе можат да учествуваат во многу игри и да добиваат награди. Обезбедени се и специјални попусти за пазарување, а дел од изненадувањата и е Happy Hour со специјални намалувања на понудата во рестораните за брза храна на третиот спрат.

capitol 22

Со својот пријатен амбиент, Капитол Мол симболизира квалитет во трговијата на мало и стана зборно место за локалното население, но и за сите кои го посетуваат. Вклучувајќи ги сите содржини кои им се неопходни на потрошувачите, Капитол Мол им обезбедува најдоброто доживување, најдобар шопинг и најмногу изненадувања.

„Нашата иницијатива да креираме месец во кој ќе ги наградиме нашите потрошувачи дојде токму како инспирација од нивното задоволство и уживање во нашиот абиент. Тоа се наши соседи, лојални посетители и пријатели на Капитол Мол и нивната доверба и наклонетост сакавме да ја издвоиме и да ја наградиме. Наш ред е да покажеме колку ни значат“ - изјави Даниела Адемоска, сопственик и Генерален Директор на Капитол Мол.

Капитол Мол и натаму ќе продолжи да ги наградува своите потрошувачи и да ги ослушнува нивните потребите, креирајќи понуди и услуги што ќе им овозможат на потрошувачите дополнителен бенефит и задоволство.

Слично

Поврзани вести