Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕПСО ги предупреди земјоделците да внимаваат при поставувањето на системите за наводнување

МЕПСО ги предупреди земјоделците да внимаваат при поставувањето на системите за наводнување
Земјоделците, при поставувањето на цевководите и системите за распрскување во близина на трасите на далекуводните мрежи треба посебно да внимаваат, бидејќи секое невнимание може да биде кобно по нивните животи, а претставува и опасност за преносниот електро-енергетски систем. Ваква порака упати денеска портпаролот на АД МЕПСО, Никола Стојанов, при посетата на светиниколските села, Ерџелија и Мустафино. Тој додаде дека секоја година АД МЕПСО упатува апели до земјоделците, бидејќи со поставувањето на цевките за наводнување во близина на далекуводите се загрозува и целиот систем, поради што може да дојде до тоа цели градови, болници и производствени капацитети да немаат електрична енергија. Стојанов, исто така, апелираше земјоделците по завршувањето на жетвата на јачменот и пченицата да не ги палат стрништата во близина на далекуводите.
Слично

Поврзани вести