Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mенторски појадок на Македонската мрежа на ментори

Mенторски појадок на Македонската мрежа на ментори

Македонската мрежа на ментори денеска го организира вториот менторски појадок на кој ќе учествуваат повеќе од 30 ментори од бизнис секторот, информатиката, политиката и спортот, како и претставинци од владини институции и невладини организации.

Целта е интензивирање на веќе воспоставената соработка меѓу апсолвентите, постдипломците и младите професионалци и бизнис секторот како продолжен облик на неформално образование заради стекнување конкретни, професионални знаења и вештини во различни области. Тоа ќе овозможи подобра, поуспешна подготовка при вработувањето или евентуалното отворање сопствени бизниси.

Македонската мрежа на ментори е непрофитна организација, формирана со слободно здружување на граѓаните заради остварување и усогласување на своите заеднички цели и интереси и заради вршење дејности и активности во ментор-штитеник односите преку споделување професионални искуства, интереси и уверувања на економски, социјални, културни, стручни, технички, образовни, спортски и други полиња, согласно со Законите и Уставот на РМ.

Првиот работен појадок МММ го организира во јануари годинава.

Слично

Поврзани вести