Економија, финансии, бизнис

Контакт

Менаџерски синдром/Burn-out синдром– болест на модерното време!

Менаџерски синдром/Burn-out синдром– болест на модерното време!

Модерниот човек честопати, под притисок на секојдневните обврски, несвесно влегува во повторливо погубно сценарио: рано станување, брзање, подготовка за на работа, носење на децата во градинка/училиште и константна стресна трка со времето што на крајот од денот резултира со сериозни здравствени нарушувања. Во науката е опишан т.н. менаџерски синдром кој се јавува како последица на долготрајна, прекумерна и хронична изложеност на стрес на работното место. Првобитно се сметало дека од овој синдром најчесто патат луѓе на раководни позиции, бизнисмени, хирурзи, авио-контролори, берзантски брокери и други луѓе под силен и континуиран психофизички притисок. Сепак денес терминот менаџерски синдром го вклучува и т.н. burn-out синдром (синдромот на прегорување) и се однесува на сите оние кои не успеваат да се изборат со секојдневната борба со обврските и времето.

Ризик фактори за појава на т.н.менаџерски синдром:

  • Канцелариска работа и долг временски период поминат во столица или во автомобил.
  • Недостаток на физичка активност (под изговор дека немаме време?!?).
  • Продолжено работно време – 10 и повеќе часови дневно.
  • Преоптовареност со обврски, мултитаскинг (вршење повеќе работи истовремено) .
  • Лоша организација на работното место и постојана „итност“ во решавање на проблемите.
  • Континуиран притисок за остварување на продажни таргети.
  • Бројни и долготрајни стресни состаноци.
Целиот текст читајте го овде.

Слично

Поврзани вести