МЕНАЏЕР КАКО КОУЧ – Потребата и придобивките од транзицијата на класичен менаџер во менаџер како коуч
На 12 ноември 2015г. од 14 часот во Стопанска комора на Македонија, ќе се одржи предавање на тема „МЕНАЏЕР КАКО КОУЧ - Потребата и придобивките од транзицијата на класичен менаџер во менаџер како коуч“.
Предавањето е наменето за менаџери, лидери, професионалци од областа на менаџмент со човеки ресурси, сопственици на претпријатија, како и за сите оние кои чувствуваат потреба од зајакнување на лидерска позиција со цел да ја подобрат својата ефективност и влијание во рамки на организацијата/тимот.
Кусата презентација прави осврт на дводневниот развоен тренинг "Менаџер како коуч" и ги нагласува придобивките од имплементацијата на конкретни коучинг принципи и техники на работа.
ЗОШТО ТРАНЗИЦИЈА ОД КЛАСИЧЕН ВО МЕНАЏЕР КАКО КОУЧ?
- Дефинира автентичен лидерски стил
- Драстично го зголемува нивото на работна ангажираност
- Претставува најефективен начин за развој на вработени
- Води кон зголемена продуктивност и подобри резултати
- Поставува јасни цели и воспоставува одговорност за нивно извршување
- Ја зголемува личната самодоверба и сатисфакцијата кај вработените
- Ги унапредува меѓучовечките односи
- Помага во корегирање на непожелни практики и однесувања.
Предавач е Томе Насков, лиценциран професионален коуч и тренер, а организатор на настанот е моментис.мк
Слично
