Мелем за уши: „Кој да ми запее“ од Џош Стоун и Каролина Гочева (ВИДЕО)
Светски познатата пејачка Џош Стоун на својата Фејсбук страница објави видео од дуетот снимен во Градскиот парк во Скопје со Каролина Гочева. Таа и музичари ја изведуваат песната „Кој да ми запее“ на Каролина.
„Еве го целосното видео од нашата македонска соработка со убавата Каролина Гочева. Таа има толку прекрасен и инспиративен глас. Сите ние навистина добро си поминавме снимајќи ја оваа песна заедно, го направи нашиот ден посебен. Ти благодарам многу Македонија, колку неверојатна земја со толку убави луѓе, се надеваме наскоро ќе се видиме повторно“, напиша Џош Стоун на својата Фејсбук страница.
Слично
