Мекдоналдс утре повторно се отвора?
Постои можност уште во текот на утрешниот ден да бидат повторно отворени рестораните на Мекдоналдс, кои денес од необјасниви причини беа затворени. Извори блиски до компанијата за Фактор објаснуваат дека поради реорганизација денеска рестораните биле затворени, но дека најверојатно веќе утре повторно ќе ги отворат вратите.
И на самите ресторани стои соопштение дека се затвораат поради интерни причини, но во соопштението не се наведува кога повторно ќе работат. Тоа се разбира ќе биде познато уште утре, кога се очекува компанијата да даде повеќе детали за случувањата.
фото А1он
Слично
