Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународното училиште „Нова“ собра сретства за помош на Заводот за ментално здравје „Младост“

Меѓународното училиште „Нова“ собра сретства за помош на Заводот за ментално здравје „Младост“

Меѓународното училиште „Нова“ викендов организираше семеен базар и собра 3700 евра од кои дел ќе бидат наменети за Заводот за ментално здравје на деца и младинци „Младост“ – Здравствен дом Скопје. Преостанатите сретства ќе се искористат за активностите и проектите на учениците во „Нова“. Стотици луѓе ја посетија хуманитарната манифестација која годинава се одржа по деветти пат, а мотото на настанот беше „Еднакви можности за сите деца“.

nova sliki 1

На базарот учествуваа семејствата на учениците од меѓународното училиште „Нова“, нивни гости, припадници на бизнис-заедницата од Македонија, странски амбасадори и членови на дипломатскиот кор кои живеат и работат во земјава. Тие подготвуваа јадења, продаваа сувенири од своите матични држави и донираа подароци за лотаријата. На манифестацијата имаше и мини зоолошка градина, можеа да се купат книги на англиски јазик и да се погледнат музички и танцови точки на учениците од оваа образовна институција.

nova sliki 2

- Собраните средства секоја година ги наменуваме во хуманитарни цели, а дел ги користиме за активностите на нашето училиште. Минатата година дониравме за Домот за доенчиња во Битола, а овој пат ќе му помогнеме на Заводот за ментално здравје на деца и младинци „Младост“. Парите ќе се искористат за набавка на дидактички материјали и опрема неопходна за работа - изјави Катерина Златановска – Попова, лице за односи со јавност на „Нова“.

Хуманитарниот базар беше организиран од Здружението на родители и наставници при меѓународното училиште, со поддршка од учениците, родителите и професорите во оваа образовна институција.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/DSSt_e3FIqI[/embed]
Слично

Поврзани вести