Меѓународниот саем ТЕХНОМА 2015 ќе понуди иновации и повеќе од 180 фирми учесници!
Овогодинешната 41-ва по ред меѓународна саемска манифестација, ТЕХНОМА 2015, прeтстaвувa бренд кој четири децении ги oбeдинувa прeтстaвницитe нa нajгoлeмитe дoмaшни, нo и стрaнски прoизвoдитeли вo oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедување и заштита, ќе го привлече вниманието на јавноста со неколкуте новитети. Имено од 13-ти до 17-ти октомври на Скопски саем ќе се најдат повеќе од 185 директни од кои 135 домашни и 50 странски учесници, а се очекуваат околу од 20 илјади посетители меѓу кои и инвеститори, експерти и носители на деловни одлуки. Со тоа се потврдува фактот дека ТЕХНОМА е од големо значење за стопанството.
Фокусот на ТЕХНОМА 2015 ќе бидат иновациите, енергетската ефикасност и LED технологиите.
За време на саемската манифестација ќе бидат отворени и 16-от Меѓународен саем за занаетчиство и мало стопанство и 35-та Меѓународна изложба на иновации, МАКИНОВА.
Потврда на меѓународниот карактер на ТЕХНОМА се учествата на компании од цела Европа и пошироко од светот. На Технома 2015 ќе учестуваат компании од Тајван во организација на Советот за развој на трговијата со странство на Тајван (Taiwan External Trade Development Council) и преку Тајванскиот центар за трговија во Софија (Taiwan Trade Center Sofia). Исто така на Технома 2015 ќе се претстават и повеќе фирми од Унгарија
Технома 2015 ќе се простира во 3 хали во кои ќе се претставуваат фирмите, додека во 4-та хала ќе се одвиваат Макинова и Форумот за иновации и технолошки развој. Во 4-та хала се и стручните факултети со постер презентации на иновативните методи. Нивната идеја е да се поврзат компаниите со образованието и да се најде интерес за заедничко аплицирање за проекти во фондот. Во рамките на „Форумот за иновации и технологии“ организиран во соработка со Фондот за иновации и Скопски саем, секој ден ќе се одржуваат работилници на различни теми: „Финансирање на иновации“, „Соработка на развој на иновации“, „Соработка за развој на иновации“, „Секторски пристап во трансфер на технологии“ и „Ден за старт ап претпријатија“.
