Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“ 

Меѓународна конференција „Управување со правни ризици: Правна етика и естетика“ 

Денеска во Скопје започна четвртата по ред меѓународна правна меѓународна правна конференција „Управување со правни ризици: правна етика и естетика“ во организација на Академик.

Тргнувајќи од претпоставката дека предуслов за постигнување најдобра практика и успешен бизнис модел се втемелените високи етички и естетски начела, овогодишната меѓународна правна конференција „Управување со правни ризици“ се фокусира на правната етика и естетика.

На големиот меѓународен  настан, во присуство на бројни учесници од земјата и регионот, говорат реномирани светски адвокати, универзитетски професори, експерти и претставници од бизнис секторот.

akademik 1

„Не можеме да развиваме успешни деловни модели ако тие не се етички. Не можеме да достигнеме високи стандарди во професијата ако тие не се унифицирани на начин прифатлив за нашите клиенти или потрошувачи“, беше истакнато на почетокот на меѓународната Конференција.

Адвокатот Георги Димитров, истакнувајќи го значењето на правната етика како суштински домен за вршење на правничката професија, во својот воведен говор рече  дека од особена важност е што на Конференцијата ќе се говори и за тоа како различните општествено-економски движења влијаат врз правниците и како да се предвидат правните ризици.

Во таа насока, поаѓајќи од премисата дека континуираното образование е еден од највисоките приоритети на секој професионалец, на Конференцијата од страна на предавачите беа споделени значајни знаења и искуства во едукативна и професионална смисла, потоа бројни мислења, методологии, и концепти.

akademik 2

Покрај можноста да се слушнат корисните предавања на  реномираните имиња од светската правна и економска мисла, Конференцијата воедно значи и извонредна можност за професионално поврзување на правниците од регионот и пошироко, што повторно овој традиционален настан го вбројува во редот на најзначајните правни настани на домашно и глобално ниво.

Слично

Поврзани вести