Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународниот балкански универзитет објави конкурс за прием на професорски кадар

Меѓународниот балкански универзитет објави конкурс за прием на професорски кадар

Меѓународниот балкански универзитет го проширува својот академски кадар. Се бараат вкупно 9 професори - доктори на науки и тоа од областите правни науки и психологија по двајца кандидати, а во областите компјутерско инженерство, односи со јавност, психолошко советување и насочување, архитектура,  банкарство и финансии, по еден кандидат.

Ангажирањето на новиот наставен кадар и проширувањето на професорското портфолио е во насока на исполнување на цврстата определба на Меѓународниот Балкански Универзитет за квалитетно меѓународно образование во нашата држава.


Влегувањето во академската средина на МБУ и станувањето дел од академскиот тим носи бројни предности, пред се работа во меѓународна средина и на универзитет што според Шангајската листа е најдобро рангиран во Република Северна Македонија во категоријата настава и учење токму поради квалитетниот образовен процес.

Кандидатите треба да ги исполнуваат условите предвидени со член 166 од Законот за високото образование на Република Северна Македонија и да го познаваат одлично англискиот јазик затоа што наставата на сите студиски програми на МБУ се изведува исклучиво на англиски јазик.

Конкурсот е отворен до 10.10.2019 година. Аплицирањето се врши со доставување на потребната документација на адреса Меѓународен Балкански Универзитет, Македонско-косовска бригада бб, 1000 Скопје,додека пакелектронските верзии на горенаведените документи треба да се пратат на следната емаил адреса: hr@ibu.edu.mk

Слично

Поврзани вести