Меѓународната награда “CUSTOMERS' FRIEND” сега и во Македонија
Меѓународната организација ICERTIAS ги повикува висококвалитетните компании во Македонија да се пријават за престижната меѓународна бизнис награда ICERTIAS Customers’ Friend
Меѓународната организација ICERTIAS во Македонија ја претстави својата програма во која се наградуваат оние компании кои имаат извонреден однос со своите клиенти и вработени. Сите квалитетни компании во Македонија се поканети да се пријават за оваа престижна меѓународна деловна награда.
Наградата “Customers’ Friend“ е меѓународен проект кој за прв пат е воведен на европскиот пазар во 2014 година, а од оваа година е достапен и на територијата на Македонија.
“ICERTIAS
Customers' Friend“ има за цел во својата програма да ги обединикомпаниите и организациите кои спроведуваат и
поттикнуваат фер и професионален однос на пазарот, пријателска и професионална
комуникација со своите корисници и одлична корисничка поддршка, кои позитивно
влијаат врз општествената заедница на територијата на која работат.
Компаниите и организациите кои се заинтересирани да се придружат на програмата
за сертификација “ICERTIAS Customers'
Friend“ внимателно се истражени од страна на експерти - аналитичари на
пазарот на ICERTIAS врз основа на секундарно истражување на пазарот.
Целта на меѓународната програма “ICERTIAS
Customers’ Friend“ е промовирање и поттикнување на квалитетот во односот
помеѓу врвните компании и нивните корисници, клиенти, вработени и деловни
партнери.
Повеќе информации за овој меѓународен проект за сертификација можете да најдете на интернет страницата: www.customersfriend.org.
Компаниите во Македонија кои сметаат дека имаат висококвалитетен и исклучителен однос со своите корисници и клиенти, како и со своите вработени, можат да се пријават за оваа престижна бизнис награда на интернет страницата: www.customersfriend.org/application или преку адресата за е-пошта: certification@icertias.com.
