Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се одржи меѓународен ракометен турнир за млади категории „КЛ7 2020

Ќе се одржи меѓународен ракометен турнир за млади категории „КЛ7 2020

Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари 2020 ќе биде организатор и домаќин на  меѓународен турнир за млади категории „КЛ7 2020". На него ќе учествуаат 8 екипи од 5 ракометни клубови од Македонија и странство. Домашните брендови РК "Вардар, РК "Металург", РК "Еурофарм Пелистер" и вице шампионот на Унгарија РК "ПИК Сегед" кој долги години е дел од престижната ЕХФ Лига на шампиони. Екипите ќе бидат поделени во две категории и тоа 2002 и помлади и 2004 и помлади.

Во првата категорија (2002 и помали) ќе се натпреваруваат:

-  Ракометен клуб КЛ7,

-  Пик Сегед (Унгарија),

-  Ракометен клуб Еурофарм Пелистер,

-  Ракометен клуб Металург.

Во втората категорија (2004 и помали)  ќе се натпреваруваат:

-  Ракометен клуб КЛ7,

-  Пик Сегед (Унгарија),

-  Ракометен клуб Металург,

-  Ракометен клуб Вардар.

Распоредот предвидува систем на натпреварување во кој би играле секој со секого во двете возрасни категории. Со учеството на турнирот на унгарски ПИК Сегед и официјално стартува соработката помеѓу КЛ7 и еден од најдобрите европски ракометни колективи кој е формиран во далечната 1961 година. Истата ќе се состои и во размена на гостувања, нивни кај нас, наши таму, едукација на тренери, учество на кампови и слично со една цел напредување и усовршување на младите ракометари на патот кон создавањето на врвни играчи.

Стартот на турнирот е планиран во петок во 16.00 часот, а учесниците ќе ги поздрави и за отворен ќе го прогласи Кирил Лазаров.

Се гледаме во сала!

Слично

Поврзани вести