Економија, финансии, бизнис

Контакт

Меѓународен семинар за дигитални алатки за отворено владеење

Меѓународен семинар за дигитални алатки за отворено владеење

Денес во Скопје се одржува меѓународниот семинар „Отворено владеење: принципи, методи и дигитални алатки“.

Општина Центар, заедно со Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА Скопје го организираат меѓународниот семинар во рамки на проектот „РЕКОВ: Обмислување заеднички вредности за јавни политики“.

На настанот присуствуваат над 30 претставници од локални самоуправи и граѓански организации ширум Европа.


Настанот беше отворен од страна на г. Дејан Павлески, заменик министер за локална самоуправа, г. Павле Богоевски, член на парламентот, г. Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар.

„Општините треба да бидат мост помеѓу граѓаните и граѓанските организации за да се изградат подобри капацитети“, изјави г. Саша Богдановиќ за време на отворањето.

Семинарот е првиот меѓународен настан кој се организира во рамки на проектот. Целта е да се претстават добри практики на користење на дигитални алатки со кои јавните институции може да бидат поотворени, со фокус на употребата на новите технологии.

Проектот е финансиски поддржан од програмата на Европската унија „Европа за граѓаните“, а општина Центар е носител на проектот.

Слично

Поврзани вести