Економија, финансии, бизнис

Контакт

МБА настан: Втора генерација успешни менаџери

МБА настан: Втора генерација успешни менаџери
Наследување на семејниот бизнис (н)е е лесна задача! Синовите и ќерките на успешните татковци или мајки се задолжуваат со огромни одговорности поврзани со менаџирање на вработените и наследениот капитал, но многу повеќе имаат одговорност кон креирање стратегии за раст и надминување на постигнатото од страна на нивните родители. Токму овие менаџмент предизвици се тема на 3тиот MBA Macedonia настан. Темата на настанот е со наслов “Втора генерација успешни менаџери” и ќе имаме можност да запознаеме менаџери што успешно го продолжиле наследството од своите родители и успеале да креираат раст за своите компании. На овој настан, своето искуство ќе го споделат врвни менаџери и истакнати професионалци во нивните индустрии: • Марта Наумовска-­‐Грнарова – генерален менаџер на ЗАВАР Компани • Александар Ивановски -­‐ извршен менаџер на Бонум Настанот е закажан за 11 декември, 19 часот во клуб ресторан МКЦ. Не заборавајте да понесете: • бизнис картичка или линк до ваш веб профил • позитивна енергија • желба за дружење
Слично

Поврзани вести