Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мажите кои заработуваат помалку пари од жените имаат проблеми во креветот

Мажите кои заработуваат помалку пари од жените имаат проблеми во креветот
Машкиот пол тешко поднесува кога неговата жена заработува повеќе, а најновото истражување покажа дека тоа може да предизвика и проблеми во спалната соба. Истражувањето откри дека мажите кои заработуваат помалку од своите сопруги почесто користат вијагра или слични лекови. Истражувачите не се сигурни која е правата причина за тоа, но сметаат дека гордоста, фрустрацијата и бесот играат голема улога во тоа. Истражувањето е спроведено на примерок од 200.000 брачни парови. Виjаграта и другите лекови за импотенција се многу популарни во домовите во кои жените заработуваат повеќе од мажите дури и во домовите во кои жената зема минимално повисока плата. Овoј феномен не е присутен кај паровите во кои жената заработува повеќе пари од самиот почеток на врската.
Слично

Поврзани вести