Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мажите го доживуваат успехот на својата партнерка како свој неуспех

Мажите го доживуваат успехот на својата партнерка како свој неуспех
Самодовербата на мажите може да биде нарушена со успехот на нивните партнерки, покажало новото истражување на Американската психолошка асоцијација. Жените , напротив, се чувствуваат подобро во врската кога нивниот партнер успеал во нешто важно. Истражувањето спроведено на околу илјада хетеросексуалци , покажало дека ,  мажите потсвесно имаат голeм проблем со самопочитта, кога нивната партнерка успее во она што кај нив не успеало. „Има смисла дека мажот се чувствува загрозено кога неговата девојка или сопруга успее во нешто  во што тој не успеал.‘‘- вели Кејт Ратлиф , авторка на студијата на Универзитетот   во Флорида. Оваа студија покажала дека мажите го доживуваат успехот на своите партнерки како свој неуспех. Експеримент спроведен во Холандија и во Универзитет во Вирџинија исто така покажал изненадувачки резултати. Парови решавале одреден тест , и на секоја особа поединечно и е кажано дека нејзиниот  или неговиот партнер по освоените бодови се наоѓа во првите или последите 12 % од сите студенти на универзитетот. Иако немало видливи промени во нивната самодоверба, потсвесната реакција на мажите покажала дека се чувствуваат лошо откога им е кажано дека нивната партнерка со своите резултати од тестот се наоѓа во првите 12%. Вечниот проблем на мажите дека не можат да се справат со супериорна жена , сега е и научно докажано.  
Слично

Поврзани вести