Економија, финансии, бизнис

Контакт

Матурантите пред прославата да си понесат пари за такси!

Матурантите пред прославата да си понесат пари за такси!

Иако изминатите две години немало тешки сообраќајни несреќи за време на матурските прослави, возењето под дејство на алкохол не едозволено ниту за матурантите, посочија претставниците на МВР и  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата. Во рамки на проектот „Безбедни матурски прослави“ беше укажано на можните последици од седнувањето зад волан во пијана состојба, но и на казните кои ги санкционираат ваквите постапки.

Согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Кривичниот законик и Законот за безбедност во патниот сообраќај покрај паричните казни предвидени се и затворски казни за кривичното дело насилство.

Оттука, доколку матурантите заминат со возило на прослава, од МВР посочија дека го прекршуваат законот бидејќи спаѓаат во категоријата на млади возачи кои по 23 часот не смеат да управуваат со моторно возило без придружба. За возач почетник кој ќе направи прекршок ако управува возило без повозрасно лице, глобата е 400 евра и предвидена е мерка исклучување од сообраќај на лице место. Истата мерка е предвидена и за управување на возило под влијание на алкохол и забрана за управување на возило во траење од три до 12 месеци.

Слично

Поврзани вести