МАСИТ 2.0 – „RECODE REALITY“: РЕДЕФИНИРАЊЕ НА УЛОГАТА НА ИКТ ВО МАКЕДОНИЈА
Годинешната конференција на МАСИТ под наслов „Recode Reality“, што денеска се одржа во Скопје, ги отвори најактуелните глобални и локални теми од ИКТ-секторот – од развојот и импактот на вештачката интелигенција до модернизацијата на дигиталната инфраструктура, сајбер-безбедноста, финансиските иновации и иднината на образованието во технологијата.
На панел-дискусијата посветена на тоа како ВИ веќе го трансформира ИКТ-бизнисот во Македонија, учествуваа: Петар Ниновски основач на Бреинстер, Благица Трпезановска извшен директор на Kuehne+Nagel Macedonia, Иво Павловски, Кеативен директор на Division и Тони Јанкуловски Директор за развој и иновации во Дајнерс.
Панелот привлече исклучителен интерес и интеракција од присутните, со јасни заклучоци дека ВИ веќе ја менува структурата, динамиката и потребните вештини во секторот.
За образованието поврзано за ИКТ како и за темата „Кој ќе ја кодира иднината?“, директорката на Авенга Академи и член на Управниот одбор на МАСИТ, Весна Ивановска, разговараше со министерката за образование Весна Јаневска, како и со деканите Петре Ламески (ФИНКИ) и Благој Ристевски (ФИКТ). Разговорот се фокусираше на потребата од современи образовни модели и системско градење кадровска база во технологијата.
На панелот за бизнис вредности базирани на квалитетни податоци говореа: Филип Петровски, директор на Дата Мастерс и заменик претседател на УО на МАСИТ, Беркан Имери, извршен директор на Халкбанка, Александар Манев, генерален директор на Кроација – друштво за неживотно осигурување и Михајло Борозанов, главен финансиски директор и член на УО на Макпетрол.
Конференцијата беше затворена со панел за финансирање на иновациите, на кој учествуваа: Горан Ковачев, Директор на фонд за енергетска ефикасност – Развојна банка на Македонија, Мухамед Хаџипази, извршен директор на Халкбанка, Иван Чорбев, Европски институт за иновации и технологии и Боро Јакимовски, DigitMak.
Темата на конференцијата „Recode Reality“ претставува повик да се преобликува улогата на технологијата: не само како алатка, туку како двигател на економски, институционални и општествени промени – како сила што ја моделира иднината.
