Економија, финансии, бизнис

Контакт

Машина што рециклира пластика, победник на климатскиот камп

Машина што рециклира пластика, победник на климатскиот камп

„Ре-бот“, паметна машина, која рециклира пластика, го освои првото место на натпреварот за борба против климатските промени и поттикнување на урбаната отпорност.

На климатскиот камп 2016 се натпреваруваа девет тимови за награда од 10.000 долари, со проекти за борба против климатските промени и поттикнување на урбаната отпорност. Идејата беше граѓаните да предложат иновативни идеи за справување со климатските промени и да се искористат нивните таленти како поддршка во остварување на глобалните цели за одржлив развој поврзани со климатските промени и одржливите градови. Идејата на тимот на „Ре-бот“, составен од Тамара Димитрова, Борко Јовановски и Стојан Димитровски, е машината да рециклира пластика во супермаркети. „Ре-бот“ треба да поттикне подобри навики за рециклирање кај граѓаните, а вклучува и игра во која натпреварувачите можат да добијат поени и награди кога активно ќе рециклираат отпад како пластика и лименки. Втората награда ја освои идејата за употреба на зеолити во борбата со емисиите на штетни гасови, а третата награда отиде за концептот на еко-билборди за прочистување на воздухот.

На натпреварот беа испратени повеќе од 60 идеи од кои девет најдобри се најдоа во потесниот избор и чествуваа во климатскиот камп. Во текот на викендот за тимовите беше обезбедена поддршка за развој на нивните идеи, работејќи со ментори од областа на науката, маркетингот и бизнисот. Во деветте најдобри беа избрани Герила постојки за велосипеди, Мотори и автомобили што работат на компримиран воздух, Употреба на зеоилити во борбата со емисиите на штетни гасови, Билборди за прочистување на воздухот, „Ре бот“ машина која рециклира пластика во супермаркети, Паметен енергетски чадор, It’s Air O’clock, Мое дрво и Детектор на богатство за редуцирање на цврст отпад. Специјален гостин на кампот беше Матеј Павлески, 13-годишно дете кое работи на неговата идеја за дронови за општо добро.

Слично

Поврзани вести