Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мароканците не смеат своите весници да ги даваат на трети лица

Мароканците не смеат своите весници да ги даваат на трети лица

Во Мароко е донесен закон со кој се забранува граѓаните да ги даваат своите весници на трети лица, соопштуваат светските агенции.

Одлуката е донесена по жалба на сопственици на печатени изданија кои се жалат на намалување на продажбата и приходите.

„Дејли телеграф" пишува дека федерацијата на уредниците на весници ги проценува годишните загуби од слободниот пристап до информации на 150 милиони долари.

Медиумските шефови истакнуваат дека додека човек чита весник на јавно место кон него се доближуваат и други и читаат бесплатно. Слична е ситуацијата кога весник ќе биде оставен на слободен пристап во кафуле.

Владата била принудена да преземе такви мерки, за да помогне за намалување на загубите на издавачите.

Се предвидуваат и субвенции за весниците и создавање на комитет кој ќе рекламира купување на печатени изданија.

Слично

Поврзани вести