„Маркетинг, брендирање, иновации – Холандски програми за поддршка на МСП во Македонија
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), во партнерство со Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион организираат настан на тема: „Маркетинг, брендирање, иновации - Холански програми за поддршка на мали и средни претпријатија (МСП) во Македонија“.
На настанот ќе биде извршена презентација на Холандските програми за поддршка на МСП во Македонија и ќе бидат презентирани кредитните линии за енергетска ефикасност на ЕБОР WEB Seff 2 како и УСАИД финансиската поддршка за иновации во МСП.
Исто така, ќе биде спроведен и едукативен дел за вработените во МСП за маркетинг и брендирање:
· Како да се создаде вредност за потенцијалниот потрошувач, преку градење препознатлив бренд и преку градење на позитивна и долгорочна профитабилна релација со потрошувачите;
· Маркетинг комуникацијата во современото опкружување треба да биде уникатна, диференцирана и релевантна за целната група;
На настанот пред компаниите членови на ССК, ќе се обрати г. Митко Алексов, извршен директор на ССК и г-ѓа Розалија Карчицка Василевска, проектен Координатор на Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион.
Сојузот на стопански комори на Македонија и Советот за развој на Скопски Плански Регион, потпишаа меморандум за соработка на 3 март годинава во насока на развивање поволни услови за работа на бизнис секторот во општините, зголемување на инвестициите, ефикасност на администрацијата, соодветна инфраструктура и партнерство со индустријата како клучни за подобрување на деловно опкружување.
