Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маратонска шопинг треска во Палма Мол

Маратонска шопинг треска во Палма Мол

Најголемиот трговски центар во Западна Македонија за граѓаните на Тетово и пошироко ги обезбеди најголемите попусти кои започуваат денес и ќе траат секој ден до полноќ. Производите на светските брендови присутни во Палма Мол ќе бидат достапни на попуст од 13-ти  јули па се до 16-ти  јули.

 Shopping Fever 3 Flaer - AL-01

“Овозможуваме попусти во текот на месец јули и во текот на целиот ден до доцна во ноќта, затоа што на тој начин сакаме вистински и со дело да покажеме дека Палма Мол е отворен за сите и дека  секој може да дојде и пазарува тука. Ова е време на хуманост и време кога се истакнува солидарноста меѓу луѓето, а издејствувањето на попусти од сите брендови присутни во Палма Мол е нашиот придонес кон исполнување на желбите на секој од граѓаните што ќе дојде во трговскиот центар“, изјавија од Палма Мол.

 Shopping

За време на маратонот посетителите ќе уживаат во безброј попусти, понуди и изненадувања од најпознатите брендови во Палма Мол. Покрај ова трговскиот центар подготви и богата забавна програма за деца од 21:00 до 23:00 часот како забава со: Мики Маус, Мини, Спајдермен, Ариел, Распанзел, принцезата Елза, дружење со магионичари, жонглери и аниматори. За повозрасните забавата со DЈ од Антена 5, продолжува до 24:00 часот.

Shopping 1

Слично

Поврзани вести