Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАНУ ќе профитира од новата лабораторија вредна 600 илјади евра?

МАНУ ќе профитира од новата лабораторија вредна 600 илјади евра?
Во рамки на истражувачкиот центар по генетика „Георги Ефремов“, денеска беше отворена лабораторија за геномика и протеоника. Со опремата во неа, треба да се помогне во рано дијагностицирање на рак, а проектот тежи 600 илјади евра . Иако лабораторијата ќе го зајакне истражувачкиот центар, како алатка која за користат државните и приватните клиники сепак искористеноста е ниска. Ова го потврди и самиот премиер. „Во оваа лабораторија Владата инвестираше приближно 600 илјади евра и таа е единствена во Македонија и регионот. Ова е извонредна можност која се надевам максимално ќе биде искористена и од страна на приватните и државните клиники. Но ако се организираат добро и понудат со свој тарифник на услуги, МАНУ може добро да заработи и да има приходи,“ изјави премиерот Груевски. Новата опрема служи за дијагностика на наследни, малигни и инфективни заболувања, за одредување на индивидуалниот ризик за добивање на комплексни болести како и за одредување на индивидуална терапија и следење на ефектот од болеста.
Слично

Поврзани вести