Малиот Јане најверен фан: Сонува да гледа првенство во живо
Десетгодишниот Јане Велковски кој стана светски познат поради големата љубов кон фудбалот, сношти беше на прием во Руската амбасада во Скопје, по повод Денот на Русија и почетокот на светското фудбалско првенство.
Jане, од рускиот амбасадор Олег Шчербак и од фудбалската легенда Дарко Панчев на подарок доби фудбалска топка, руски дрес и маскота на светското првенство.
„Се надевам дека и Македонија еден ден ќе учествува на Светското фудбалско првенство и дека и јас некогаш ќе можам да следам некое од првенствата во живо. Кога веќе Македонија не учествува, навивам прво за Србија , а потоа за Франција“, ни изјави Јане. Неговата мајка, Деница Велковска вели дека приемот, на кој присуствувале со Јане, со сопругот Ѓорѓи и со помалиот син Огнен, бил целиот во духот на фудбалот.
Целиот текст на Женски магазин.мк тука.