Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малала Јусафаи и Бил Клинтон номинирани за Нобелова награда за мир

Малала Јусафаи и Бил Клинтон номинирани за Нобелова награда за мир

За овогодишната Нобелова награда за мир се номинирани рекордни 259 кандидати - 209 поединци и 50 организации, а добитникот ќе биде познат во октомври, соопшти денеска Нобеловиот институт со седиште во Осло.

Потпаролот на Институтот, Геир Лундстад информира дека номинации стигнале од целиот свет, што, според него, укажува на зголемување на интересот за оваа награда.

Претходниот рекорд за номинирани за Нобеловата награда за мир беше постигнат во 2011 година, кога биле номинирани 241 кандидати.

Меѓу останатите, на списокот на номинирани за наградата за оваа година се наоѓаат и Малала Јусафаи, Пакистанка која стана симбол на отпорот кон талибанците и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Слично

Поврзани вести