Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мала промена во начинот, голема разлика во денот

Мала промена во начинот, голема разлика во денот

Замисли дека сметките за курсевите на децата или пак ратата за кредит ги плаќаш со кафе во едната рака и со компјутерот пред тебе. Без стрес, без трчање по шалтери, без досадното прашање: „Дали стигна уплатата?“ Веднаш имаш преглед на сите приливи и одливи од твоите платежни сметки.

Замисли дека трансфер на пари ти трае пократко од ставање филтер на story на Инстаграм. Кога имаш 24/7 пристап до твоите банкарски производи и услуги сѐ е брзо и едноставно. Затоа што не губиш време додека му префрлаш пари на пријател или на твоето дете.

Е, сега замисли и дека додека чекаш лет на аеродром може да поднесеш документи за распределба на приливите од странство во твојата фирма и средствата за кратко време да ти бидат на располагање. И сето тоа не изгледа неверојатно – изгледа нормално.

Замисли дека твојата онлајн банка те чека тебе, а не ти неа. Во свет каде сè се движи – и ти и твоите обврски и твоите идеи – потребно ти е банкарство што ќе може да се движи со тебе. Без паузи, без комплицирани менија, без потреба да прашуваш „како се прави ова?“. Банкарство кое го чувствуваш како да е направено за тебе.

Новата Интернет банка на Комерцијална банка е со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности така што дозволува лесно управување со твоите сметки,депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени од кое било место преку твојот компјутер или друг мобилен уред.

Со електронското банкарство на Комерцијална банка добиваш:

·  Подобро корисничко искуство со лесен пристап до твоите производите

·  Иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски цели

·  Поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции

·  Персонализирани услуги според твоите потреби

·  Максимална безбедност и контрола на платежни сметки и картички

Токму затоа електронското банкарство денес не е само згоден додаток – тоа е алатка без која тешко се замислува еден обичен ден. Секојдневните обврски можеби не се спектакуларни, но тие ти го прават денот – едноставен или комплициран. А, денот навистина може да биде опуштен кога банкарските трансакции се едноставни и лесни, како праќање Вибер порака, и не трошат време, не ги менуваат другите планови и не ти задаваат грижа дека може да задоцниш со некоја уплата.

И во бизнисот, секоја минута е важна. Некогаш ќе треба да се донесе одлука веднаш и се прашуваш дали има доволно средства на сметка, дали е стигната уплатата, дали е извршена исплатата? Електронското банкарство тогаш не е само практично, туку е суштинска алатка за беспрекорно и ефикасно функционирање на бизнис финансиите.

На крајот на денот, целата поента е во чувството дека можеш да се потпреш на нешто. Дека имаш контрола. Дека сè е средено, дури и кога денот не е.

Замисли дека твојата банка се прилагодува на тебе, а не обратно. Не мораш ни да замислуваш. Доволно е да се најавиш на Интернет банка

ПР објава

Слично

Поврзани вести