Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мал робот ќе прави друштво на возрасни луѓе

Мал робот ќе прави друштво на возрасни луѓе

Роботот Ели Кју беше претставен во Музејот на дизајнот во Лондон од израелска компанија. 

Tој е исклучително добар придружник за возрасни луѓе, бидејќи може да зборува, свети и да го користи „јазикот на телото", за да изрази емоции, пишува весникот „Метро".

Овој робот ќе му понуди на сопственикот да му даде  книга, да се прошетаат, да поиграат заедно игри или да се јават на пријател или член од семејството. 

Роботот може да го информира гостинот кога пријатели или роднини објавуваат фотографии и ќе го праша дали треба да му ги покаже.

Повеќе од половина луѓе на возраст над 75 година живеат сами. Повеќе од еден милион од нив велат дека често или секогаш се осамени.

Околу 36% зборуваат со еден човек или не зборуваат со никого во текот на денот, а 11% не среќаваат никого најмалку пет дена во месецот.

Речиси половина од луѓето над 65-годишна возраст велат дека главно телевизорот или домашното милениче им прави друштво.



Слично

Поврзани вести