Економија, финансии, бизнис

Контакт

Макошпед со добивка ама помала од лани

Макошпед со добивка ама помала од лани
Во првите девет месеци од годинава шпедитерската компанија Макошпед оствари добивка од 163 илјади евра, помала за 45% во споредба со лани. Приходите во првите три квартали од годинава изнесуваат 1,1 милион евра што е пад од 36% во споредба со истиот период лани. Во нив најголемо учество имаат приходите од продажба на услуги во земјата кои во овој период изнесуваат 716 илјади евра и се за 11% помали од лани. Приходите од продажба на услуги во странство се во износ од 57 илјади евра, што е пад од 61% во споредба со истиот период лани. Вкупните расходи (оперативни и финансиски) во периодот од јануари до септември изнесуваат 946 илјади евра и се помали во однос на истиот период  во  2011 год.
Слично

Поврзани вести