Македонците уживаат во пиење енергетски пијалоци
Истражувањето на Институтот за истражување на пазарот и медиумите „Медиана“ покажа дека Македонците се рекордери во пиење енергетски пијалаци од земјите во Западен Балкан.
Според резултатите од истражувањето на Медиана, се покажало дека 18 отсто од анкетираните жители на Македонија пијат два пати неделно енергетски пијалоци.
Освен во Македонија исто така и во Србија, секој петти граѓанин или 22 отсто од испитаниците рекле дека пијат енергетски пијалак.
Од друга страна најмалку енергетски пијалаци, или само 19 отсто од населението, пијат во Хрватска, од земјите од Западен Балкан.
Слично
