Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонско вино стигна до Вашингтон, Вранецот најбаран

Македонско вино стигна до Вашингтон, Вранецот најбаран

Четири видови македонско вино се продаваат во продавницата Мекартур на семејството Басин во Вашингтон, која е една од најстарите од ваков тип во  градот. Тука се купува вино од 1957-ма, а меѓу муштериите, низ годините -претседатели, боксерски шампиони и други познати лица, пренесува Гласот на Америја на Македонски јазик.

Во продавницата инаку се продаваат 5.000 видови вино од 30-тина држави, а годишниот промет изнесува 12 милиони долари.

Џон Фитер, кој е снабдувач и консултант за вина повеќе 20 години, македонското вино го открил лани за време на дегустација во македонската амбасада во Вашингтон.

 „Грозјето е различно.  Во вината се користи домашно македонско грозје од тоа поднебје и затоа вкусот е покомплексен од другите сорти. Вранецот е најбаран, поради неговата комплексност и длабочина на вкусот. Засега продавницата нуди само четири вина од Македонија, затоа што толкав број и се достапни“, вели Фитер за Гласот на Америка

Како најголем проблем за македонското вино, во продавницата ја истакнуваат недоволната промоција на кватитетните црвени и бели вина кои Македонија ги нуди на овој пазар.
Слично

Поврзани вести