Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонско вино на холандските трпези

Македонско вино на холандските трпези
Винаријата Стоби во соработка со Македонската амбасада во Холандија  на Саемот Персвејн во Хаг, претстави свои 13 сорти на вино, меѓу кои и Вранец веритас.
Настанот е подржан од Македонската амбасада во Холандија, а наменет за презентација на македонското вино во Кралството. Покрај винаријата Стоби на Персвејн во Хаг учествуваа уште 10 други винарии од Македонија, меѓу кои и Тиквеш, Сковин, Попов, Камник, Попова Кула, Дудин и други. Додека трае саемот, вината ќе бидат изложени пред потрошувачите, љубителите на вино, но и пред увозниците, дистрибутерите и претставниците од ХоРеКа сегментот во Холандија.
Вранец веритас кој беше дел од специјалната дегустација Мастерклас на саемот во Хаг, е вино од бербата октомври 2011. Грозјето користено за производство на ова вино е од сопствените лозови насади на винаријата стари повеќе од 30 години, во Вардарското  виногорје.
Слично

Поврзани вести