Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонско – Албански бизнис и инвестициски форум

Македонско – Албански бизнис и инвестициски форум

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Висар Фида  во Тирана на „Македонско-Албанскиот Бизнис и Инвестициски Форум“ ги презентираше инвестициските и извозните потенцијали на Македонија. Во својата презентација, Фида детално ги претстави секторите во кои постои можност и одлични услови за инвестирање во земјата, но и големите извозни потенцијали на Македонија.

На форумот свое обраќање имаа и амбасадорот на Македонија во Албанија, Веле Трпевски, директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Македонија, Јордан Трајков како и министерот за економија на Албанија, Флорјон Мима и директорката на Агенцијата за  развој и инвестиции  на Албанија, Енеида Гуриа.

Слично

Поврзани вести