Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските патни правци и денеска со одрони и свлечишта

Македонските патни правци и денеска со одрони и свлечишта

Од АМСМ јавуваат дека во 09:50 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.

Свлечиште има на патниот правец Страцин - Крива Паланка.

На излез од Страцин во правец кон Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Одрони има на повеќе места како што е на патниот правец Кочани – Македонска Каменица, сообраќајот е во целосен прекин за секаков вид на моторни возила. Сoобраќајот се пренасочува преку Виница - Пехчево - Делчево.

На патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, одронот е исчистен, но сообраќајот превентивно се одвива по една сообраќајна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На патниот правец Свети Николе - Куманово кај с. Стањевци има одрон и таму сообраќај се одвива по една коловозна лента.

Додека прекин на сообраќајот има на патниот правец Р1401 Струмица – Гевгелија е во прекин кај клучката Марвинци (подвозникот) поради излевање на река Вардар на коловозот.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово. Поради зголемување на нивото на реката Брегалница, превентивно е затворен патниот правец од Ново Село(штипско) кон Радовиш. Локалниот пат за с.Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку с.Подареш-Радовиш.

Известуваат од Амсм и препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Слично

Поврзани вести