Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонските бизнисмени се вклучија во хуманитарната акција за поплавите

Македонските бизнисмени се вклучија во хуманитарната акција за поплавите
Сојузот на стопански комори (ССК) се приклучи во хуманитарната акција за помош на настраданото население од поплавите во соседна Србија и Босна и Херцеговина. Преку своето членство викендов ССК активно се вклучи кон повиците за испраќање помош во Србија и Босна и Херцеговина, кои што изминатите денови ги зафати поплави од катастрофални размери. Преку Сојузот на стопански комори вчера во овие земји беа испратени 40 илјади литри вода, помош од компанијата „Трансмет“ и „Боми 10 логистик“. И останатите компании индивидуално и преку ССК се организираат и помагаат секој во својот домен на дејствување, соопштија од Комората. Сојузот на стопански комори во соработка со Црвениот крст на Република Македонија ја следи состојбата и ќе помага во зависност од апелот за потреба на количина материјали кои се неопходни за населението (вода, храна, апчиња, хигиенски средства, храна за бебиња и сл.) со парични средства, како и со донации на телефонскиот бројот 143 400. Во следните денови ССК се вклучува и ќе го мобилизира своето членство за масовна посетенот на хуманитарниот концерт за собирање средства за помош на населението кое беше погодено од катастрофалните поплави.
Слично

Поврзани вести