Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонскиот зеленчук и во Молдавија?!

Македонскиот зеленчук и во Молдавија?!
Ова лето македонскиот зеленчук би можел да се најде и на трпезите во Молдавија, најави денеска почесниот конзул на Молдавија во земјава Дарко Арсов. По бизнис средбата меѓу македонските и молдавските стопанственици во Струмица, тој посочи дека во Молдавија зеленчук се увезува од Турција, а со воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Молдавија, раноградинарските производи од земјава би можеле да го освојат молдавскиот пазар ,,Бев во Кишињев и видов со каков квалитет и со какви цени увезуваат земјоделски производи. Ние сме убедени дека нашите земјоделски производи, нашата конзервна индустрија може да биде конкурентна на производите кои тие ги увезуваат од Турција“, изјави Арсов.  
Слично

Поврзани вести