Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонскиот медиумски простор со нов дневен весник – „Политико“

Македонскиот медиумски простор со нов дневен весник – „Политико“
Вчера официјално во продажба беше пуштен новиот дневен весник Политико. Главен и одговорен уредник на весникот е Саше Ивановски – Политико, а го издава издавачката куќа Популарни книги ДООЕЛ Скопје, и истиот ќе пренесува содржини од од областа на политиката, економијата, спортот, но и рекреативни содржини.

„Ова што го гледате пред вас е тотално луда идеја, да се стартува со дневен весник со многу ентузијазам но без е.ан денар, без подршка од никого, со мали исклучоци кои се толку скромни што ке се смеете три дена ако ви кажам дека една политичка партија на нашиот апел за помош ни донираше стара компјутерска тастатура која што ни требаше зошто имаме еден лап топ на кој му откажа тастатурата па ни требаше друга“, стои во уводникот на првиот број на весникот кој го напиша неговиот главен уредник познат по неговите контроверзии Политико.

Слично

Поврзани вести