Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски Телеком учествуваше на првата македонска конференција за електронска трговија

Македонски Телеком учествуваше на првата македонска конференција за електронска трговија

Денес во Скопје, во хотел Мериот се одржа првата конференција за електронскатрговија:„e-commerce: eFuture for eMacedonia!" 

На една од панел дискусиите учествуваше Главниот извршен директор на Македонски Телеком,  Никола Љушев, кој истакна дека во дигиталното време една од клучните бизнис алатки е е-трговијата и токму затоа потребно е да се направат потребните прилагодувања во регулативата со што ќе се унапредат дигиталните процеси.

Според него,примената на услугите за е-трговијае во подем,а стратегијата на Македонски Телеком, како пионер во оваа област е да биде сериозен, доверлив и безбеден партнерза имплементација на дигитални решенија и услуги.

И покрај тоа што користењето на каналите за онлајн продажба и користењето на мобилната апликација Telekom МК е зголемено последнава година, Телеком планира да си постави уште повисоки цели за 2019 година и да го зголеми бројот на корисници на мобилната апликација Telekom МК на 50%, а продажбата преку онлајн каналите за 15%. За наредната година се планира да се пушти и новата, подобрена верзија наTelekom МК апликацијата со нови функционалности, преку која корисниците можат лесно и во движење да управуваат онлајн со своите комуникациски услуги.

Македонски Телеком во текот за наредните години планира сите услуги и производи да бидат достапни прекуразлични онлајн канали, првенствено преку мобилниот телефон, за да се обезбеди брз, едноставен и безбеденначин за управување на услугите, како и за зголемена транспарентност во поглед на користењето на услугите.

На конференцијата учествуваа триесетина домашни и интернационални говорници: делегати, претприемачи и основачи на средниот менаџмент, како и извршни директори на компании и институции.



Слично

Поврзани вести