Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски Телеком ќе спроведе противпожарна вежба: Можен застој на сообраќајот еве каде

Македонски Телеком ќе спроведе противпожарна вежба: Можен застој на сообраќајот еве каде

Македонски Телеком ќе спроведе симулациона вежба за противпожарна евакуација во зградата на Телекомуникацискиот центар (Орце Николов бб)  на 15 мај, вторник, од 9:30 часот. Целта на оваа вежба е превенција, намалување на ризик како и правилно и навремено реагирање на вработените при пожар или друга непогода за време на работа.

Во активностите ќе бидат вклучени: Противпожарната единица на Град Скопје, Итната медицинска помош, Црвениот крст и Министерството за внатрешни работи.

Со оглед на тоа што вежбата ќе изгледа реално, ги известуваме граѓаните дека станува збор за симулација, а не за реална ситуација.

Вежбата ќе се одвива во „ТК центарот“ но и на улицата „Орце Николов“ на потегот од Охридска банка до хотелот Ибис, каде е можен застој на сообраќајот во горенаведениот период.  Акцијата се планира да заврши до 10:30 часот.

Слично

Поврзани вести