Македонски Телеком ја заврши 2021 година со раст и развој на мрежата со најнови технологии
|
Македонски Телеком ја заврши годината со раст и успешно работење во сите сегменти, како што покажуваат и финансиските резултати за 2021 година.Приходите од продажбата се зголемени за 1,2 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 11.216 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 7,2 проценти во споредба со претходната година. Ширење на 5G мрежата и оптичката мрежа Македонски Телеком ја обележа 2021 годинa со инвестиции во најновите технологии и стратешко градење на мрежата од петтата генерација - 5G и оптичката мрежа. На крајот од годината, 13 градови се целосно подготвени за5G. Паралелно продолжуваат и инвестициите во оптичката мрежа, а бројот на оптички пристапи во земјатае зголемен за 12 проценти во споредба со претходната година. Повеќе од 246 илјади корисници имаат пристап до оптика и се планира овој тренд да продолжии во наредните години. Повторно лидери на ТВ пазарот Македонски Телеком го задржа лидерството на ТВ пазарот со удел од 34,5 проценти. Уникатното ТВ искуство и постојаното збогатување на содржинитена MaxTV придонесоа за зголемување на бројот на корисници на 145,9 илјади или 2,4 проценти во споредба со претходната година. Интернет, мобилни и фиксни услуги Во мобилната телефонија, бројот на корисници е зголемен за дури 10 проценти и изнесува 1.215 илјади, со што уделот на пазарот е 48,7 проценти. Успешните резултати од нашето работење се потврда и поттик да продолжиме со инвестиции во најнапредната технологија и најдобри услуги за корисниците. |
||||||
|
|
