Македонски Телеком го продолжува партнерството со Ракометната федерација
Македонски Телеком продолжува да го поддржува македонскиот спорт и застанува покрај Ракометната федерација на Македонија и во наредната година. Телеком е спонзор на националниот тим уште од 2018 година и е дел од ракометната приказна на Македонија со децении наназад.
Горан Марковиќ, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, ги посети репрезентативците коишто се подготвуваат за претстојното Европско првенство коешто ќе се случува во јануари 2026 година во Данска, Норвешка и Шведска.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, се заблагодари и рече: „Продолжувањето на соработката со Македонски Телеком претставува уште една потврда за заедничката визија и долгорочната поддршка на македонскиот ракомет. Македонски Телеком е пример за успешна и општествено одговорна компанија, којашто континуирано вложува во спортот и во заедницата, а за нас е чест и привилегија да бидеме дел од вакво партнерство и заедно да продолжиме да го поддржуваме развојот на македонскиот ракомет.“

ПР објава
